Често поставувани прашања
Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања за приколки, регистрација, гаранција и плаќање.
Сите приколки до 750 кг спаѓаат во О1 категорија и можат да се регистрираат на два начини: со трета таблица или со посебна таблица и сообраќајна. За управување е потребна Б категорија. Приколките од 751 кг до 3.500 кг спаѓаат во О2 категорија — за нив возачот треба да има Б+Е или Ц+Е категорија. Приколката се регистрира, добива посебна таблица, сообраќајна и зелен картон, и потоа може да биде влечена од кое било влечно возило, вклучително и возила со странски таблици.
Постојат два начини. Со трета таблица, приколката може да ја влече исклучиво возилото за кое е издадена таблицата и го користи неговиот зелен картон. Со целосна регистрација (посебна таблица, сообраќајна и зелен картон), приколката може да биде влечена од кое било влечно возило, вклучително и возила со странски таблици.
Ние сме генерални увозници за приколки во Северна Македонија. Целиот асортиман е произведен со врвни и висококвалитетни материјали во Германија и Полска.
Сите приколки од веб-страницата ги имаме на лагер. Понекогаш одреден модел треба да се нарача дополнително или по каталог за специфични барања. Контактирајте нè и нашиот тим ќе ви даде точни и навремени информации за состојбата.
Авто плац Метфил се наоѓа во индустриската зона во Кочани, на ул. Украинска бб, 2300 Кочани. Точната локација можете да ја видите на Google Maps во делот „Контакт“.
Сите приколки од нашиот асортиман се со германска осовина — од фирмите Knott и AL-KO.
Приколките имаат шепи од германските фирми Knott и Winterhoff.
Продаваме приколки и резервни делови за секој тип што фабриките го произведуваат. Не треба да се грижите дали и од каде ќе набавите резервен дел за вашата приколка во иднина.
Да, со секоја купена приколка издаваме гаранција.
Секој клиент добива комплетна документација за приколката. По купувањето, со документацијата одите до соодветниот орган за изготвување трета таблица или сообраќајна, во зависност од категоријата.
Не, клиентот не треба да прави атест — ние веќе го имаме направено тоа за вас.
Да, секој бренд што го застапуваме има сертификат за квалитет ISO 9001:2008 издаден од DEKRA.
Да, секоја приколка поседува COC документ.
Да, секоја приколка има хомологација — изјава за сообразност издадена од надлежните органи на Северна Македонија.